Во Охридската болница починало едногодишно бебе

Едногодишно бебе било донесено во Охридската болница во тешка здравствена состојба. По реанимацијата била констатирана смрт, без траги на насилство.

– Денес во 7:44 часот, во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања, било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство, информираат од СВР Охрид.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството, додаваат од СВР Охрид.

Претходна вестВоведено зонско паркирање во Карпош
Следна вестМинистерство за транспорт: До крајот на годинава ќе одлучиме што со автопатот Кичево-Охрид