Скопје со години чека ново, поконкретно решение за јавниот превоз. До сега скопјани добија многу ветувања и видоа многу планови.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера најави дека тргнува во реализација на системот за Брз автобуски превоз во Скопје. По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, Скопје, како што се најави, конечно би требало да добие нов транспортен систем.
Што всушност сега е најавено дека ќе добие Скопје?
Овој проект го иницира нејзиниот претходник Петре Шилегов и за чија реализација задолжувањето во странство е 70 милиони евра. Арсовска и најбројната партиска групација во Советот на Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаа бројни отпори и забелешки за она што Шилегов експресно го туркаше како „историски проект за јавниот превоз во градот“.
Дали сега тие грешки и забелешки се отстранети?
Според објавата на Арсовска, се предвидува две главни линии: од Ново Лисиче па до Ѓорче Петров и од Бутел па до Пинтија во Кисела Вода, со преклопување во центарот на градот. Но, многу работи останаа нејјасни.
Прво, остана дилема е по која траса конкретно ќе одат двете автобуски линии за да напречено функционираат, по сегашното средишно зеленило или по коловозните линии покрај тротоарите? Проектот на Шилегов предвидуваше средишен дел од булеварите и корнење на сегашното зеленило и жардињери на површина од околу 40.000 метри квадратни. Дали е и тоа планот кој Арсовска сака да го спроведе или има промени во него?
Второ, дали е обезбедена добра заштита на главната водоводна цевка за градот која оди по средина на булеварот „Партизанско одреди“ и чија отпорност на надворешни вибразии не е позната? Обезбеден ли е добар пристап на патниците кои, доколку трасата оди по средина на булеварите, ќе треба да поминуваат по три сообраќајни ленти за да се качат и излезат од новите автобуси?
Трето, ќе треба ли да се гради нов или да се проширува мостот во Влае кој сега има само две ленти и ќе биде претесен за предвидената траса за новите автобуси, колку тоа би чинело и траело оти досега не било пресметано со проектот на Шилегов? Дали улицата „Цветан Димов“ во Чаир ќе мора да се проширува, која е варијанта за сообраќај во централното градско подрачје по тесната улица „Димитрије Чуповски“, штое со другите тесни грла на трасите…
Сето ова се прашања на кои јавноста треба да добие одговор уште сега. Арсовска во синиќешната изјава за телевизијата Канал 5 не одговори конкретно кога проектот би почнал со градба и кога би се завршил. Најави дека сега се прави испитување на стабилноста на главната водоводна цевка по булеварот „Партизански одреди“ која не е испитана цели 60 години откако е поставена. Но, не рече што ќе се прави доколку испитувањата покажат дека цевките не се стабилни за да издржат оптоварувањето. Таа најави дека во првата фаза ќе се набавуваат 30 ЦНГ еколошки автобуси, а потоа уште 30 и дека граѓаните ќе ги видат во скор период. Но, не објасни дали тие ќе бидат пуштени во сообраќај пред да се изгради предвидената траса.
Прашање е и дали Советот на Град Скоје треба да донесе одлука за реализација на проектот. Арсовска, којашто по доаѓањето на функцијата во ноември 2021 година, го запре проектот изјавувајќи дека тоа не е нејзин проект и дека граѓаните на изборите не го одбраа тој проект“, тогаш обвинуваше дека претходноте градски власти испланирале да потрошат 70 милиони евра без одлука на Совет на Град Скопје, а при што не се консултирани ниту граѓаните.
Многу отворени прашања. А времето си тече, тече…