Казнети 230 возачи во Скопје, 102 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 санкции за некористење сигурносен појас.

– Изречени се 6 мерки за користење мобилен телефон при возење, 3 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за возење под дејство на алкохол, информираат од МВР.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестРК Алкалоид треба повеќе да тренира шутирање пенал
Следна вестТреба да се дадат пари на медиумите, ама…