Вчера во Велес, полицијата ги привела деветнаесетгодишниот С.Џ и 35-годишната М.М., двајцата од Велес. Тие се сомничат дека со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети.
– С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, информираат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.