Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг денеска ќе се сретнат во Калифорнија за да се обидат да ги стабилизираат заладените односи меѓу двете сили. Средбата е планирана во областа Сан Франциско и ќе се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска заедница.
Бајден и Си не се виделе лично од самитот на Г-20 во Бали, Индонезија пред една година.
Американската страна соопшти дека целта на разговорите е да се организира натпреварувањето меѓу двете земји на одговорен начин, да се обезбедат канали за комуникација и да се избегне влегување во воен конфликт.
Поточно Џо Бајден изјави дека Кина има „реални проблеми“, неколку часа пред средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско, чија цел е обнова на кинеско-американските односи.
Бајден претходно изрази надеж дека разговорите ќе помогнат да се подобрат нестабилните односи меѓу САД и Кина, кои беа обележани со остри разлики во текот на изминатата година.
Во Пекинг, портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг оваа недела рече дека Кина сака односите да се вратат на „стабилен пат“.