А и стоката да се префрли од возовите во автобуси?

На македонската железнички пруги и денеска нема ништо ново. Според информациите од Македонски железници, железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива според планираниот возен ред, освен за Гевгелија каде што има застој кај мостот на Стоби.

На споменатата релација се прави „иновативно“ поместување и заради тоа товарниот железнички сообраќај не се одвива, додека патничкиот бавно се одвива со пренесување на патниците со помош на автобуси кај Градско односно Криволак.

Штета, што не може и разната стока да се пренесе од товарните возови во автобуси. Се ќе си течеше „нормално“.

Инаку, Според информациите до ЦУК, Македонски железници активно работат на утврдување на состојбата, конкретно покрај експертите и професори од Градежниот факултет, биле ангажирани нуркачи за конкретно да се утврди состојбата столбовите од мостот и од под вода.

А, не е само тоа проблем во Македонските железници…

 

 

Претходна вестЛажно пријавил дека две две лица се обиделе да грабнат малолетничка, приведен скопјанец
Следна вестЛажна Фејсбук страница се претставува како да е скопскиот аеродром, продаваат изгубен багаж за едно евро