На 24. Светска аукција на бел тартуф, одржана во италијанското место Гринчане Кавоур, најскап бил примерокот тежок 1.004 грама. Рекордниот износ од 130.000 евра го понудил купувач од Хонгконг. Единствениот настан ги поврза луѓето од цел свет, а вкупниот износ ќе биде дониран на хуманитарната организација која се грижи за децата без родители „Мадерс чојс“.
На аукцијата се продадени уште три тартуфи од 315, 250 48 грама за над 30.000 евра. И овој приход ќе оди во добротворни цели. Слично беше и минатата година кога тартуф тежок 950 грама беше продаден за 184.000 евра.
Оваа сезона беше добра, бидејќи пролетните дождови влијаеја на растот и размножувањето на овој вид печурки. Цената на тартуфите не е фиксна и се одредува на основа на понудата, големината и побарувачката на пазарот. Во моментот белиот тартуф чини околу 2.100 евра за килограм, за парчиња со тежина меѓу 8 и 20 грама. Парчиња со есктра големина над 100 грама, се купуват за околу 4.700 евра. Килограм бел тартуф може да достигн цена од 47.000 евра.
Примерокот од аукцијата е платен три пати повеќе.