Вчера, околу 13.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Видое Смилевски-Бато во Тетово, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 75-годишниот тетовец Р. М. и го напуштило местото. Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.