Млад штипјанец пукал кон сограѓанин поради долгови

Штипјанец на возраст од 21 година е приведен во полицијата, бидејќи се сомничи дека со пиштол пукал кон негов сограѓанин, но не го погодил. Од МВР велат дека причината биле нерасчистени должничко – доверителски односи.

Од приведениот биле одземени пиштол „Зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм. Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВо Берлин најавена линија со лебдечки воз, достигнува брзина од 500 километри на час
Следна вестИнцидент во Собранието: Крмов и Апасиев со кршење на компјутер и фрлање хартии ги бранеа своите амандмани за Деловникот