И ВАР одигра за Македонија, за нерешен резултат со Англија

Македонската фудбалска селекција вчера на арената „Тодор Проески“, одигра нерешено против репрезентацијата на Англија (1:1). Тоа е навистина добар резултат, особено ако се знае дека не така одамна Англија ни нанесе тежок пораз.

Македонија поведе по пеналот што го изнуди Бојан Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Тој го удри со рака по лицето напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира. Прекршокот беше виден после долга анализа преку ВАР системот. Пеналот на капитенот Енис Барди во 41.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати повтроно кај него, кој не ја пропушти дополнителната шанса и даде гол.

Македонија водеше се до 59. минута, кога голгетерот на Англија Хари Кејн, кој само што влезе, направи мала вознемиреност во нашата одбрана и Јани Атанасов во жарот на борбата со Кејн си постигна автогол.

На стартот на второто полувреме, играчот на Манчестер сити Џек Грилиш постигна гол во 47.минута. Видео помошник судија (ВАР) долго ја проверуваше таа ситуација и пресуди дека Грилиш бил во офсајд.

До крајот немаше некои поголеми возбудувања, освен во 87.минута Серафимов се обиде, но ударот заврши над голот на Пикфорд.

Иако овој бод не решава премногу за нас во групата, бодот е сепак значаен оти е освоен против светска сила во фудбалот. Бодот е значаен и подари фактот дека македонските репрезентативци добро се покажаа на теренот и ги изврќуваа зададените задачи на селекторот.

Од групата во која е Македонија, Италија со реми (0-0) на гостувањето во Леверкузен кај Украина, успеа да обезбеди учество на Европското првенство. Македонија по овие квалификации повторно ја освои 4. позиција.

 

 

Претходна вестЌе прошетаат ли повторно Арсовска и Муцунски по улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром?
Следна вестЗапленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека