Просечната нето плата во септември 37.876 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 37 876 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во соопштението се наведува дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116.4.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 проценти), Образование (10.9 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 %), соопшти Државниот завод за статистика.

Претходна вестОние кои трошат над илјада киловатчасови по Нова година можно е да плаќаат драстично повеќе
Следна вестТренчевска: Не очекувам дека до крајот на месецов ќе се утврди минималната пензија, комплексно е прашањето