Home АКТУЕЛНО Четворица пожарникари побарале медицинска помош поради вдишување чад, пожарот во Фалише изгаснат

Четворица пожарникари побарале медицинска помош поради вдишување чад, пожарот во Фалише изгаснат

0
Четворица пожарникари побарале медицинска помош поради вдишување чад, пожарот во Фалише изгаснат

Медицинска помош побарале четворица пожарникари кои учествувале во гасењето на пожарот во близина на тетовско Фалише. Поради вдишување на чад тие помош добиле во тетовската болница.

– Интензивниот чад беше причина за проблеми со дишењето. Четворица бевме во болница на таканаречено чистење, добивме третман со кислород и инфузија, информира денеска Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Тој рече дека пожарот е целосно изгаснат во продажниот објект на фирмата, но сè уште има оган и чад од неколку магацински простории.

– Се гасеше цела ноќ и ќе продолжиме со работа и во текот на денот. Имаше голем оган, затоа што имаше многу запаливи материјали, бои и лакови, градежни материјали, бојлери. Интервенирано беше и со вода и со пена но не се изгаси целосно, треба да се работи уште, има оган и чад, изјави тој.

Припадници на Армијата кои мереле радијација и други параметри, но не откриле таков вид загадување на воздухот.

– Ги молам од Министерството за животна средина да го измерат мерат загадување на воздухот, да не поминуваат и да не доаѓаат тука новинарите и други лица без маски за заштита на лицата. Ова е втор случај да интервенираме во големи магацини со запаливи материјали, а да нема ниту еден хидрант, па затоа се поставува прашањето кој дава вакви дозволи. Едната беше фабрика за производство на пелети во Седларце. Гледаме дека немаат хидранти во објектите. Ова е чудна работа, имаат материјали од неколку милиони евра, а не се набавуваат хидранти, истакна Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Сопствениците на фирмата во разговор посочија дека тука немале производство на бои и лакови како што информираше Центарот за управување со кризи. Велат дека станува збор за продажен објект со магацини каде имале складирано железарија, санитарија, оков за мебел и слични производи, како и мал асортиман на бои и лакови.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово се излезени на терен за да ја испитаат водата за пиење.  Но, резултатите ќе бидат готови за неколку дена. Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.