Од Зоолошката градина Скопје преку соопштение информира дека вчера загубиле свој вработен, но и жирафа Флопи за која се грижеше почитаниот работник.
-Вчерашниот ден бил најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот. Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје, соопштија од оваа институција.
Тие додаваат дека за трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи – една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе.
-Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас. Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност, велат од ЗОО Скопје.