Неколкумесечно бебе било пронајдено починато во импровизирана куќичка на подрачјето на скопската општина Гази Баба. Врз бебето немало траги од насилство.
– На 27.11.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека во импровизирана куќичка на подрачје на Гази Баба констатирале смрт без траги на насилство кај неколкумесечно бебе, соопшти полицијата.
Бил извршен увид од страна на полицијата.