Со АВНОЈ пред 80 години Македонија стана република и почна патот на изградба на целосната македонска државност  

За да се оствари принципот на сувереноста на народите на Југославија и таа да биде татковина што ќе се гради врз федеративни принципи, кои ќе им осигурат целосна рамноправност на Македонците, Србите, Хрватите, Словенците, Црногорците… е дел од историската одлука која била донесена на денешен ден пред 80 години. Тогаш се одржало Второ заседание на антифашистичко собрание на народното ослободување на Југославија одржано. Се се слушило во босанското градче Јајце во 29 нооември 1943 година.

Заседанието на АВНОЈ  се одржа во виорот на борбата на партизанското движење против фашистичките окупатори, а одлуките тогаш биле историски. Со нив, наместо дотогашното Кралство Југославија во која како народи беа признаени само Србите, Хрватите и Словенците.

Таа одлука беше историска и за Македонија и за македонскиот народ – тогаш за прват е донесена одлука со која Македонија ќе има статус на посебна република, а се признава постоење на македонска нација, македонска национална свест и македонски јазик. Со тоа, по долги години на негирање и непризнавање на посебноста на македонскиот народ, на неговиот идентитет, јазик, култура…а за што се бореа генерации и генерации македонски дејци низ историјата, се дојде до целта. Подоцна, ваквите и други одлуки на АВНОЈ, подоцна, на 2 август 1944 година беа потврдени во историските одлуки на Првото заседание на АСНОМ на кој беа удрени темелите на македонската државност и значеше реална завршница на ослободителната борба на македонскиот народ и конечна потврда за самобитноста на Македонците, кои го бетонираа својот национален идентитет.

Инаку, на заседанието на АВНОЈ присуствувале 142 делегати од разни краишта. Од Македонија биле избрани 42 делегати за да присуствуваат но тие не успеале да дојдат. Околу тоа неприсуство на македонските претставници се уште постојат одредени дилеми но доминира мислењето дека техничките причини врзани со испраќањето и примањето на поканите биле фактор поради кој што тие не стасале на заседанието во Јајце.

-За сега можеме само да констатираме дека неповикувањето на македонската делегација на АВНОЈ не е направено намерно и од политички причини. Тоа се случило како резултат на брзината, во услови на конспиративното дејствување. Треба да отпаднат сите шпекулации дека наводно Тито, не сметал на Македонија како членка на југословенска федерација, дотолку повеќе што нејзини претставници се избрани во органите на АВНОЈ и на НКОЈ, пишува во својот неодамнешен труд македонски историчар Новица Велјановски кој додава дека „АВНОЈ за Македонија ќе остане неодминлив бидејќи неговите одлуки го овозможија натамошниот пат во изградба на македонската државност“.

Во заедничката југословенска држава 29 ноември се прославуваше како Денот на Републиката во текот на кој се одржуваа многу празнични манифестации, се пееја песни посветени на заедничката држава, се одржуваа школски приредби, народни собири, воени паради, се делеа награди и ордени…

Така беше до последната деценија на минатиот век кога од 1990-та година почна распадот на заедничката држава Југославија откако, по смртта на дотогашниот претседател Јосип Броз Тито во 1980-та година, почнаа да јакнат процеси на дезинтеграција помогнати и од внатре и од надвор и пошто поранешнит ејугословенски републики станаа самостојни држави.

Не мал број на граѓани и разни здруженија во поранешните југословенски републики (а сега посебни држави) се уште ги негуваат спомените на овој ден. За многумина се уште останува уверувањето дека во тој период на овие балкански простори се живеело подобро, побезбедно и порамноправно отколку сега. Други пак сметаат дека е подобро што секоја република сега е посебна држава.

Претходна вестПредложен новиот состав на Антикорупциска комисија на чело со ревизорката Татјана Димитровска
Следна вестПочнува 30-от министерски совет, во Скопје ќе се договара иднината на ОБСЕ