Изгоре „БМВ“ во скопски Капиштец

Вчера, околу 2 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козара“ во населба Капиштец, настанал пожар во патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки. А сопственост на четириесет и двегодишниот Т.А. од Скопје.

– Од пожарот било зафатено и возило комбе „Форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Претходна вестПочнува 30-от министерски совет, во Скопје ќе се договара иднината на ОБСЕ
Следна вестКабинетот на Зеленски им наложил на регионалните лидери да престанат да контактираат со Залужни