Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски им наредил на шефовите на регионалните администрации да прекинат каква било комуникација со врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, пишува „Страна.уа“ повикувајќи се на новинарот Јуриј Николов. Ваква наредба беше проследена до регионалните гувернери, тврди Николов.
Западните медиуми во последно време се повеќе пишуваат за растечката тензија во односите меѓу Зеленски и Залужни. Така, магазинот „Економист“, повикувајќи се на висок украински функционер, објави дека конфликтот меѓу претседателот и врховниот командант е резултат на неуспешната летна контраофанзива.
Според магазинот, многумина околу Зеленски се согласуваат со ставот на Залужни.
– Неодамнешните изјави на Залужни за застојот на фронтот се еден од индиректните знаци на нивниот конфликт, кој Зеленски се обиде да го отфрли, велејќи дека армијата е уморна, според „Вашингтон пост“.
Претходно „Вашингтон пост“ оцени дека генералот, кој е популарен меѓу своите сограѓани, може да претставува закана за Зеленски доколку реши да се занимава со политика, пренесува „РТ Балкан“.