Продолжува штрајкот во Државниот испитен центар – без повисоки плати ќе нема државна матура

Нема да се спроведуваме никакви тестирања додека државата не ни обезбеди достојни примања, порачаа денеска вработените во Државниот испитен центар кои штрајкуваат од 11-ти декември. Главното барање на 26-мина вработени е зголемување на нивните плати кои сега, како што рекоа, се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор.

Сега нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори. Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, штрајкот продолжува поради недобивање на задоволителен одговор од Министерството за финансии за покачување на платите на вработените во оваа институција, односно нивно изедначување со платите на наставник ментор.

-Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.

Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.

-ДИЦ постојата има важни активности во образованието. Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.

 

Претходна вестПовеќе од 300.000 бездомници во Англија
Следна вестСлучај „Ласкарци“: Обвинителот Јакимовски бара најстрога казна за обвинетите