Почина новинарот Предраг Димитровски

Денеска по кратко боледување замина еден од доајените на македонското новинарство Предраг Димитровски.(1959-2023) Димитровски  е новинар со над 30 годино искуство, беше главен уредник во весникот Вечер од 2005-2006 година, а потоа работеше и во Дневник.

Димитровски беше и член на државната Комисија за лустрација и одговорен за односи со јавност. Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа меѓу најчитаните. Посебно беше горд на објавувањето на едицијата од девет тома „Пишаната оставина на Павел Шатев“, за која Димитровски го изврши изборот и преводот. Ракописите за ова едиција Димитровски ги добил од Милка Шатева, ќерката на Павле Шатев, а која одлучила да ги даде нему, на еден македонски новинар. Павел Шатев, познато е, епосреден учесник и активен сведок на речиси сите етапи на македонското револуционерно минато: учесник во солунските атентати во 1903 година, член на АСНОМ, министер за правосудство, потпретседател на Президиумот на АСНОМ…

Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.

-Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во негоават реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија, Пепи беше колега со кој беше задоволство да се работи, напишаа по прошталниот поздрав колегите од „Пресинг ТВ“.

Претходна вестДокторот Марковски: Пливам „како камен“, ама ме бива за фудбал, тенис, пеење…
Следна вестСо денешно бесплатно скијање почнува скијачката сезона на Ски центарот “Стрежево” – Нижеполе.