Неверојатен мотив да ја убие сопругата имал 85-годишниот Стивен С. во Вашингтон. На полицијата и рекол дека со нож ја убил сопругата Шарон бидејќи го натерала да јаде палачинки. Како што објави „Њујорк Пост“ (NYP), соседите ја слушнале расправијата на парот и му се јавиле на нивниот син, но веќе било доцна.
Стивен изјавил дека неговата сопруга сакала да го присили да јаде палачинки за појадок. Тој рече дека неодамна изгубил 25 килограми за време на неговиот престој во болница.
Кога одбил да јаде палачинки, избила расправија меѓу двајцата, пренесува магазинот „Феникс“.
Соседите слушнале кавга од семејната куќа и го повикале нивниот син кој живеел во близина. Кога пристигнал, Стивен С., наводно, му го дал ножот и го признал делото. Тој потоа се обидел да се самоубие, според медиумот.
Имено, кога полицијата пристигнала на местото на злосторството, Стивен С. грабнал уште еден нож и со него се повредил. Итните служби го запреле во таквиот обид.
Стивен и Шарон С. биле пренесени во болница, каде лекарите констатирале смрт на жената. Обдукцијата покажала дека жената била прободена еднаш во грбот и во срцето.
Стивен С. рекол дека неговата сопруга сакала дисциплина. Сакала да го натера да јаде бидејќи „многу го сакала и сакала да биде добро“, рекол тој.
По престојот во болница, Стивен бил уапсен и обвинет. И покрај неговите првични изјави, тој се изјаснил за невин.
Тој е задржан без кауција и го чека судењето, соопшти Њујоршката полиција.