Веќе еден месец сме сведоци на зачестени огласи за вработување во јавната администрација. Власта не планира да запре со вработувањата во очи избори, мислејќи дека така ќе купи глас повеќе, а всушност купува партиски мир. Државната ЕСМ предизборно ќе вработува речиси 550 лица, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Според огласите за работа кои се објавени во дневните весници ЕСМ има потреба од нови 460 вработени, вели ВМРО-ДПМНЕ. Нешто над 50 работници се потребни во ТЕЦ Осломеј и дваесетина нововработени во Хидроелектраната Црн Дрим кои исто така се под државните електрани. СДС и ДУИ создаваат нездрава атмосфера во институциите полнејќи ги со партиски кадри пред избори.
Најголемиот број на вработувања кои ги реализира власта пред избори се со цел поткуп за гласање. По 7 години владеење ли се сетија дека на преполната државна администрација и треба кадар за работа? Зошто тоа не го остават за после изборите ако толку е неопходно? Власта забегува со крадење и дивјачко однесување, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквото однесување ќе биде жестоко казнето од страна на народот, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.