24-годишна девојка од гостиварско вчера била претепана од машко и женско лице во Гостивар. Полицијата го расчистува случајот.
Дваесет и четиригодишната Б. А. од гостиварско Форино, вчера, во 16.50 часот, во СВР Тетово пријавила дека околу 15.30 часот, на улицата Илинденска во Гостивар две лица (машко и женско) физички ја нападнале.
Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.