Воздухот во Скопје и утрово нездрав за дишење

Прекумерното загадување на воздухот и утрово е присутно на скопското подрачје. Скопје утрово околу 6.30 часот се најде на 12-то место по загаденост во светот, при што измерениот индекс на загадување е 165.

Специјализираната интернет страница Iqair.com која прибира податоци од целиот свет предупредува дека воздухот е „нездрав“ за дишење. Најприсутни се штетните ПМ2,5 честички, со концентрација од 82,7 микрограми.

Советот до граѓаните е да носат маски кога излегуваат надвор, да не прават физички активности надвор од домовите и да си ги држат затворени прозорци во своите живеалишта.

Прекумерното загадување на воздухот беше присутно и вчера, како и во изминативе денови, но тоа не предизвика реакција на надлежните органи.

Најзагаден град во светот утрово е Лахоре, Пакистан, со индекост 335.

Прекумерно загадување покажува и интернет страница waqi.info. На неа се гледа дека утрово најзагадено е во Гази Баба, со индексот 171, додека во Лисиче е 168.

Претходна вестОд денеска нема скијање на Попова Шапка, ќе се чека нов снег
Следна вестБожикна честитка на бискупот Киро Стојанов: Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску