Пријава за охриѓанец во чиј дом полицијата пронајде марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

– При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид му овозможил да користи марихуана во неговиот дом, информираат од МВР.

Претходна вестАлбанија годинава ја посетиле над 10 милиони туристи
Следна вестШведска е чекор поблиску до членство во НАТО