Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени денеска во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми. Причината за несреќата се уште не е утврдена, наведува турската агенција, пренесува „Хабертурк“.
Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла и дека видливоста е слаба.
– Според првичните сознанија, најголем број смртни случаи во несреќата предизвикал третиот автобус кој удрил во патниците кои излегле од возилото. Полицијата е на лице место и истрагата е во тек, изјави гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз
тој за локалните медиуми соопшти дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, а седуммина се во тешка состојба.