ВМРО-ДПМНЕ: Четиристотини денари повеќе за струја е новогодишната честитка од оваа неспособна власт

Четрстотини денари повеќе на сметката за струја за граѓаните е новогодишната честитка од оваа неспособна власт, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив власта повтрно како што велат удрила врз џебот на граѓаните.

– Иако со денови и месеци се обидоа да го сокријат покачувањето, сепак власта на СДС и ДУИ удрија по џебот на граѓаните со повисоките сметки за струја од јануари 2024 година. Покачувањето ќе го плаќаат сите граѓани кои своите домови ги затоплуваат со електрична енергија. Толку од грижата на власта за животната средина и намалувањето на загадувањето. За над 120 денари ќе биде зголемувањето само во 3тиот блок и на истото ако се додаде и новата давачка т.н мрежарината на Бислимовски која ќе изнесува 250 денари, доаѓаме до покачување од 400 денари. Не поминуваа фалбите на ДУИ и СДС за субвенционирање на сметките за струја, кога тоа субвенционирање го плаќаат граѓаните самите. Наместо изминатите 7 години да се изградеше некој енергетски капацитет, власта парите ги трошеше за полнење на своите џебови преку тендерите во РЕК и партиските вработување во енергетските компании, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметките за електрична енергија овие 7 години се зголемина за над 50%, а инвестиции во енергетиката нема. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестЦУК апелира да не се палат депонии на отворено за време на продолжениот празничен викенд
Следна вестКовачевски го отпеа најголемиот хит за 2023: Изградивме 1.300 километри патишта…