Едно лице вчера загина при незгодата што се случила во неговиот дом во охридско, соопшти полицијата.
МВР информира дека вчера во 18.35 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, медицинска екипа со возило на Итната медицинска помош, од охридското село Долно Лакочереј транспортира лице кое, и покрај обидите за реанимација, не давало знаци на живот.
-Од преземените мерки констатирано е дека се работи за Н.С.(35) од истото село, кое, според членови на неговото семејство, се здобило со повреди при пад во семејниот дом. За настанот, известен е јавен обвинител а по нивно барање, телото е предадено на семејството, јави СВР Охрид.