Се празнува Игнатовден, денот кога започнуваат подготовките за Божик

Православните христијански верници денеска го празнуваат денот на Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец во народот познат и како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден… Се нарекува и „Прв Божик“ зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово ‒ Божик. Празникот Игнат секогаш е пет дена пред Божик 2. 1. /20 XII и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници. Според едни верувања, на овој ден Пресвета Богородица ги добила породилните болки, но во преданијата на Православната црква јасно е нагласено дека таа воошто немала породилни болки.

Свети Игнатиј е роден во Сирија. Кога тој бил дете, според преданието, го зел Исус  во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“ Поради тоа што го носел Исус во прегратка е наречен Богоносец. Тој бил ученик на Јован Богослов, како и свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохија и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија, Името на Спасителот секогаш го имал во своето срце и постојано му се молел.

Кога бил антиохиски епископ, според преданието, кога царот Трајан минувал низ Антиохија, го повикал Игнат кај себе и побарал да им принесе жптва на идолите во замена за тоа да го постави за сенатор. Игнат не ги поцлушал советите, но и заканите, па бил окован во железо и испратен во Рим за да биде фрлен на лавовите.

На 20 декември (според грегоријанскиот календар), во ден на пагански празник, свети Игнатиј бил изведен во Колосеумот. Тој се обратил кон народот: „Римски мажи, вие знаете дека сум осуден на смрт, не заради злостораство, туку заради мојот Еден Бог, кон кого со љубов сум приврзан и кон Кого стремам. Јас сум негова пченица и ќе ме смелат забите на ѕверовите, за да станам негов чист леб.”

Веднаш потоа биле пуштени лавовите. Преданието раскажува дека, одејќи кон местото на страдањето, свети Игнатиј постојано го повторувал името на Исус Христос. Кога го прашале зошто тоа го прави, свети Игнатиј одговорил дека го носи тоа име во своето срце, „а Оној што е запечатен во моето срце, Него со устата го исповедам”.

На територија на Македонија овој празник е проследен со многу суеверија, обичаи и верувања, а речиси сите православни верници сметаат дека она што го правите денес, ќе го правите и во текот на целата година.

Поголем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден започнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи.

На овој ден, велешани вообичаено вареле пченица и пченка, за плодна година. Во гевгелиско на овој празник жените кои имаат деца не работеле. Во Штип и штипско ги тегнеле децата за уши за да пораснат повеќе. Во Радовиш овој ден традиционално се прославувал мирно, никој не повишувал тон, не се пеело, а денот се започнувал со слатко или нешто благо, наместо со вообичаен појадок. Во скопско се кршеле гранчиња од зеленика, смрека и даб и со нив се потпалувал оган, како благослов за семејството, земјата и стоката. Во Охрид се приготвувале питулици во чест на Исус Христос. Во тетовско на овој ден не се позајмува ништо, додека во мавровско, се очекувале гости, а според изгледот на првиот кој ќе влезе во куќата, се прогнозирала целата

Во Скопската Котлина, спроти празникот сечеле шума од три вери т.е. од три вида: зеленика, смрека и даб. Овие гранчиња се оставале до вратата под стреата и со нив за идните празници се потсилувал огнот. Спроти празникот се правеле и други обичаи како што е фрлањето костени во трлото за да „рипкаат“ јагнињата како костените. Утрото на Св. Игнет се палел посилен оган во огништето, а потоа, домаќинката ги скоревала децата со кои го изведувале обичајот силење, прпешкање на огнот. Тогаш земале од гранките донесени вечерта и го буричкале (го силеле, го прпешкале) огнот, благословувајќи за добро здравје, за напредок на стоката и богат род на земјоделските култури.

Претходна вестНа малолетник од Тетово му пукнала петарда во уста
Следна вестЗагаденоста се пренесе и во новата година, воздухот во Скопје и утрово нездрав за дишење