Изборот на Елмас: Пандев, Роналдињо, Меси…

Елиф Елмас е во центарот на вниманието на фановите на РБ Лајпциг од првиот ден откако го облече дресот на бунделсигашот. Нашиот репрезентативец, познато е, по четири сезони се реши да го напушти Наполи и својата кариера ја продолжи во еден од најдобрите германски клубови.

Германскиот претставник во Лигата на шампионите од пред неколку дена е на подготовки во Шпанија, а медиа-тимот на РБ Лајпциг направи видео со македонскиот репрезентативец, на кое Елмас одговараше на прашања од типот  – кој е твојот идол, кој е македонскиот „ГОАТ?“…

Елмас запрашан кој е најдобар фудбалер во историјата на македонскиот фудбал вели: Пандев!

Ако бира меѓу Меси и Роналдо би го одбрал Меси, а идол му е Роналдињо

Елмас и соиграчите ќе тренираат во Шпанија до седми јануари, а потоа ќе се вратат во Германија. Шанса за деби во дресот на „биковите“ Елмас ќе има на 13 јануари, во натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт на „Ред Бул Арена“.

Претходна вестСкопје утринава со нездрав воздух, на шесто место во светот според загаденоста
Следна вестСпречен нелегален влез на 11 мигранти во три камиони од Полска