Кучето по име Сесил од Питсбург, Пенсилванија е во голема неволја откако неговите сопственици откриле дека тој изгризал и делумно изел 4.000 долари во кеш што ги издвоиле за реновирање на домот, пренесува „CBS Pittsburgh“.
На почетокот на декември, Клејтон Лоу оставил плик со 4.000 долари за мајсторот кој им правел кујна во домот во Питсбург, Пенсилванија. Тој и неговата сопруга морале да му платат на изведувачот, но околу половина час подоцна, бил шокиран кога открил дека неговото куче уживало во најскапиот оброк во својот живот, оставајќи расфрлани парчиња искинати пари.
Сепка, на крајот успеале дел од парите да залепат, оние кои ги повратил, па собрале едвај 450 долари, кои им ги прифатиле во банка.
Сопствениците потоа повикале ветеринар, кој ги советувал да внимаваат на кучето, а кога Сесил почнал да го повраќа она што го изел, тие се обиделе да ги залепат уништените банкноти.
Иако биле бесни на Сесил, тие воедно биле и загрижени за неговото здравје, но ветеринарот ги смирил, велејќи им дека нивното алчно куче ќе биде добро.