Темно Режим Светло Режим

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Куманово-Табановце. Едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники.

– Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф”, ,,поло” и ,,бмв”. Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово. Во тек е увид, информираа од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Времето во Скопје студено и променливо облачно

Следниот Пост

Учениците утре се враќаат на настава, до крајот на учебната година ќе имаат и пролетен распуст