Разбиена е криминална група којашто убивала и продавала дрога низ Македонија.
Полицијата претресла 20 локации, а групата дејствувала од декември 2019 до март 2021 година.
– Пријавениот Ш.М. заедно со уште две лица О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници, рече министерот Спасовски.
Како што објави, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.
-Лицата организатори извршиле повеќе кривични дела, а се работи за неовластено производство дроги, убиства и обиди за убиства, рече Спасовски.
Истовремено, набавиле 435 килограмим кокаин од Бразил, од кој преку Белгија дел требал да пристигне во Македонија, како и 106 килограми кокаин со траекторија Перу – Холандија – Македонија.
Набавувале дрога и од Колумбија, а ја пренесувале преку ЕУ, но и преку Албанија до Македонија.