Приведен е поранешен директор на Клиниката з аОнкологија во рамките на полициската акција што се спроведува од изутринава во оваа здравствена институција, но и по домовите на дел од вработените.
Телевизија Сител, повикувајќи се на очевидци на случувањата пред Онкологија објави дека во 08:30 часот полициски службеници со лисици на рацете го изнеле еден од поранешните директори на Клиниката.
Со постапката според неофицијални информации на ТВ Сител опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор.
Според неофицијални информации од истражните органи, се вршат претреси во канцелариите на тројца лекари од клиниката. Постапката е по наредба на обвинителството.
– Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме, велат од ОЈО за Сител.
Инаку, во овој претпладневен период Клиниката работи вообичаено, а пациентите ги вршат своите потреби.