Полициски службеници на СВР Тетово денеска попладне, околу 16 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, по распишана потрага и со судска наредба, го привеле 43-годишниот тетовец Д.М., осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, извести МВР.
Набргу, Д.М. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната, соопшти МВР.