Пукотници го вознемирија најголемиот туристички центар во Турција. Шест лица, меѓу кои тројца полицајци, се ранети во престрелка пред зградата на судот во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, додавајќи дека двајца напаѓачи се убиени. Јерликаја рече дека е направен обид за напад на контролниот пункт пред капијата на “судот „Чаглајан во Истанбул и дека двајца напаѓачи, една жена и еден маж, се убиени, пренесува „Хабер турк“.
Според него, било утврдено дека напаѓачите биле членови на екстремно левичарската Револуционерна народноослободителна партија/фронт (ДХКП/Ц), која Турција ја класифицира како терористичка организација.
Министерот за правда, Јилмаз Тунџ, го осуди вооружениот напад и изјави дека обвинителите почнале истрага за нападот.