Е зошто ветерот пак ги остави скопјани сами со загадувањето? 

Воздухот што го дишат скопјани утринава пак е прекумерно загаден. Водечката специјализирана интернет страница Iqair.com утринава покажува дека Скопје е на 8 место меѓу светските метрополи според степенот на загаденоста на воздухот. Измерениот индекс на загаденоста околу 9 часот изутринава е 153, а што повлекува предупредување дека воздухот е „нездрав“ за дишење.

Најголемо е загадување со штетните ПМ2,5 честички, со концентрација 59,3 микрограми на кубен метар воздух.

Ова повлекува предупредување да се носат заштитни маски, да не се спортува надвор и прозорците дома да се држат затворени.

И спред интернет страницата waqi.com ѕагадувањето е прекумерно. Најлошо е во Лисиче, каде иѕмерената концентрација е 188 микрограми на кубен метар воздух. Нездрав воздух има и во Ѓорче Петров, каде концентрацијата е 151.

Е зошто ветерот не остави на цедило и не го разнесе загадуивањето?

ПС. За властите не прашуваме зошто тие ништо не преземаат. Навикнавме дека само зборуваат дека ќе преземат нешто…

Претходна вестOтворено писмо до Пендаровски: Не го потпишувајте законот, не дозволувајте да нè избркаат од Македонија
Следна вестАнкета: Криминалот и корупцијата се најголем проблем за граѓаните