Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во четвртфиналето на фјучерс турнирот во Анталија, Турција. Таа втората победа на турнирот вреден 35.000 евра, ја забележа против Унгарката Амариса Тот, со 4:6, 6:4 и 6:4.
Ѓорческа лошо го почна мечот, го загуби првиот сет, но потоа заигра многу подобро и ги доби следните два сета обезбедувајќи место меѓу осумте најдобри.
За пласман во полуфиналето Ѓорческа (242-ра на ВТА листата место) утре ќе се сретне со Хрватката Тара Вурт, 417-ра на ранг листата на најдобрите светски тенисерки.