Во фудбалот ќе биде воведен син картон

Британски „Телеграф“ пишува дека наскоро во фудбалот би можел да се воведе син картон.

Картон со оваа боја судијата би покажал во случај да мисли дека играчот направил прекршок за кој треба да ја напушти играта, но дека прекршокот не е за црвен картон, односно за исклучување. Синиот картон би значел дека фудбалерот е исклучен на 10 минути.

Картонот би се доделил во случај на тактички прекршок или или ако играчот влезе во голема расправија со судијата. Синиот картон би го ограничил бројот на запирање на ветувачки напади, сметаат во ИФАБ.

Синиот картон во комбинација со жолт картон или со уште еден син би значел исклучување до крајот на натпреварот.

Оваа практика е испробана во пониските лиги во Велс и донесе одлични резултати. Екипите престанаа да прават „тактички фаули“, со цел да го сопрат противнападот на противникот.

ИФАБ, клучното тело за донесување правила и признавање на фудбалот, работи на овој проект веќе некое време.

Ова правило нема веднаш да се имплементира во најсилните лиги во светот, туку би стартувал од најниските рангови.

Претходна вестЈа евакуирале „Икеа“ во Белград, по грешка
Следна вестРекторската управа на УКИМ бара итна средба со Џафери, во спротивно ќе преземе „соодветни мерки за заштита на своите права“