Бегал од полицијата и со возило мигранти од Сирија излетал од автопат

Околу 05 часот во близина на наплатна станица „Романовце“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата дале знак за запирање на патничко моторно возило „рено меган“ со скопски таблички, но возачот наместо да застане тој го забрзал но на исклучувањето за Крива Паланка, возилото излетало надвор од патот.

Возачот се дал во бегство, а во возилото полицијата затекнала 10 лица-мигранти од Сирија кои биле без документи за идентификација.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестГостиварец платил 1.800 евра, а добил фалс сертификат за положен германски
Следна вестЏафери: Професионалноста на Меџити и Алиу не е спорна, законски не може да има два опозициски субјекта во Владата