Европската ракометна федерација ги потврди термините за двомечот меѓу македонскиот првак Ѓорче Петров и шпанскиот Елче. Овој двомеч од четвртфиналето на Европскиот Куп ќе се игра на 10 март во Шпанија и 17 март во Македонија.
Првиот натпревар меѓу македонскиот и шпанскиот тим на 10 март ќе се игра во Елче во салата „Есперанца Луз“ со почеток во 12:30 часот.
Реваншот е во спортската сала во Автокоманда на 17 март со почеток во 19:00 часот, по што ќе биде познат четвртфиналистот во Европскиот Куп.