Голема трагедија ја погоди спортската јавност низ целиот свет. Келвин Киптум кој минатата година постави светски рекорд на маратоните загина во сообраќајна несреќа. Кениецот направи неверојатен успех откако делницата од 42 километри ја истрча за два часа и 35 секунди.
Тогаш светот му се поклони за неверојатното достигнување, а денеска пристигнува трагичната вест за негово загинување. Несреќата се случила во Кенија на патот Елдорет-Каптаг кога Киптум излтал од коловозот.
Сообраќајната несреќа ја предизвикал самиот Киптум. Со него во автомобилот бил и неговиот тренер Жеравис Хакизимана кој исто така го загубил животот. Се најавуваше дека Киптум ќе стане првиот маратонец кој истрчал маратон за помалку од два часа, меѓутоа за жал неговиот живот згасна на само 24 години.