Нервоза, нетрпеливост и долги редици од возачи и возила, набавката на налепниците со фамозната и нејасно „НМК“ создаде хаос на станиците за технички прегледи, особено на шалтерите на МВР кои денеска се преполни. Главоболките на граѓаните се поголеми, бидејќи не секаде можат да се најдат налепници. Некои од станиците воопшто не добиле, други пак ги потрошиле. Дополнителен проблем имаат возачите чија сообраќајна дозвола го носи името Република Македонија, а нејзината промена исто така ги чини пари.
Граѓани негодуваат на социјалните мрежи:
-Сообраќајната ја сменив пред шест месеци кога бев на технички преглед со возилото, ми дадоа со Република Македонија, без Северна, сега треба пак да платам за да ја сменам, напишал еден граѓанин.
-Зошто мора да доаѓам со возило во станицата за технички преглед. Па да има толкави гужви? Нека ми ја дадат сам ќе си ја залепам дома, напишал друг.
Ќе престане ли оваа импровизација и понижување?