На објавувањето на кандидатурата на прес-конференција на градскиот плоштад во Тетово, како што е најавено, ќе бидат присутни лидерите на трите партии од ЕСП – Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса).
Актуелниот претседател на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари денеска официјално ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата.
Таравари, како што соопштија утрово од информативната служба на партијата, одлуката ќе ја соопшти на вонредна прес-конференција закажана во 10 часот, а која, според најавата, ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар.
Неговата кандидатура, се наведува, е предлог на Претседателството на Алијанса за Албанците, а поддржана од опозициските партии на Албанците, обединети во колацијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).
Дека гостиварскиот градоначалник и актуелен лидер на Алијанса ќе биде кандидат за градоначалник на опозицискиот блок на Албанците дел од медиумите објавија синоќа, повикувајќи се на свои извори, но се до утрово официјална потврда од Таравари и неговите приврзаници во партијата немаше.