Денеска во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 степени во Берово до 5 степени во Гевгелија, а максималните дневни од 5 во Маврово и 14 Целзиусови степени во Гевгелија и во Скопје.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 1 до 14 степени.