Најмалку три лица денеска околу пладне се застрелани, а двајца од нив починалеоткако 66-годишен жител на кумановското село Габреш пукал во својата сестра и нејзините синови.
Од СВР Куманово и МВР потврдуваат таков крвав настан и најавуваат повеќе информации во текот на денот.
На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско, поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38), соопштија првично во кумановската полиција.
Според првичните информации 63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место. Третиот ранет е префрлен во кумановската болница.
Напаѓачот е уапсен.