Државните функционери од лани земаат енормно покачени плати. Владата на СДСМ и ДУИ не најде решение како да ги намали иако го ветуваше тоа, правеше разни работни групи…
Сепак, сега пратеничката група на СДСМ ќе поднела измени на сите закони со кои се регулираат платите на функционерите со цел платите на овие лица да не пораснат во иднина. Ова го најави денеска лидерот на партијата Димитар Ковачевски.
– Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани лица нема да пораснат, изјави Ковачевски.
Дали самостојно или некој им помогна сега на крајот од мандатот да им текне што треба да направат околу платите останува засега нејасно. Нејасно е и се бара ли уште решение како да се намалат претходно премногу покачените плати на министрите, пратениците…