Продолжуваат собирањата на потребните потписи за да се влезе во изборната трка за претседател на Македонија. Се чини „Левица“ и професорката Билјана Ванковска се пред самиот крај на оваа постапка.
Доцна синоќа, лидерот на оваа партија, Димитар Апасиев, преку Фејсбук најави дека денеска работата ќе биде завршена:
-Утре кај ќе го праиме огнометот или да позајмуеме КАЛАШЊИКОВИ од ДУИ“, напиша тој.
Под пораката тој го допишал и бројот „9881“.
Професорката Бикјана Ванковска која е претседателскиот кандидат подржан од оваа партија, пред малку на Фејсбук напиша:
-Ајде, уште овој ден да го исчекор име заедно до конечниот праг кој ќе нѐ направи учесници во изборната битка како и другите. Нема да речам еднакви, ниту рамноправни – бидејќи ние тоа не сме ! Не се служиме со нечесни и неморални средства, не газиме по луѓе, не покажуваме ароганција и триумфализам како оние што глумат народ. Ние СМЕ народот и со народот, кој на сета мака и секојдневни грижи и притисоци, сепак го препознава моментот! Денес е денот на “големите” , оние кои нѐ доведоа до оваа ситуација, да им покажеме дека ни е доста од сопки. Од утре почнува подготовката за изборната битка, за дебатите и средбите со вас, во нашиот заеднички од кон една поинаква Македонија. Ви ветувам програма и дебата каква што овде се плашат и да замислат! Се плашат од нивните надворешни сојузници и внатрешни “коалициски партнери”. Јас немам респект кон никој што ни ја згази самопочитта, достоинството, нѐ ограбува и рекетира за нивен профит. Имам респект за народот на кој му е доста од оваа божем демократија, која се претвори во демократура и демонкратија! И да врне и да вее, тоа за нас ништо не е. Зачекоруваме во Македонската пролет, посочи професорката.
Инаку, до сега потребните потписи ги собраа Бујар Османи, Максим Димитриевски и Арбен Таравари. Блиску до целта е и Стевчо Јакимовски од ГРОМ кому му недоистигаат неколку стотици потписи. Познатиот инфектолог Вело Марковски има над 1100 потписи…