Времето денеска, променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.
За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег.