Ни казните не можат да ги спречат несовесните возачи во нивните навики да не паркираат на места каде што тоа не е дозволено. Посебен проблем е на јавните површини низ Центар каде тешко се наоѓа слободно место за паркирање и каде во голем дел од улиците паркирањето е дозволено само за резиденти.
Најновите податоци од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ велат дека во изминатите седум дена се санкционорани 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од нив, 128 биле отстранети со „пајак“, а на 109 возила, кои биле затекнати во резидентни зони, им биле поставени „блокатори“ на тркалата.
Од ЈП ПОЦ и од Општина Центар најавуваат дела континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.