Битолчанец синоќа се заклучил во сопствено возило откако го бркала полицијата поради сообраќаен прекршок. МВР соопшти дека вчера во 23.50 часот на ул.„Нико Фундали” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.И.(39) од Битола.
-Околу 23.35 часот на ул.„Васко Карангелевски“ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола дале знак за запирање на возило „Тојота рав 4“, кое го управувал пријавениот, но возилото продолжило со движење. Полициските службеници со службено возило го следеле и откако влегле во подземна гаража од станбена зграда, Д.И. ја затворил вратата и не сакал да ја отвори, се наведува во полициското соопштение.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.